Од оваа недела се очекува да почне тестирањето на 8200 ученици од основните и средните училишта во рамки на најавениот скрининг. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.
Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1.600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Како што појаснуваат надлежните, тестирањето во средните и основни училишта ќе се врши се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.
Според податоците на Министерството за образование и наука, досега во училиштата се вакцинирани околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.