Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е силно посветена на грижа и поддршка на работнциите и заштита и унапредување на работничките места, рече денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Во широка и инклузивна консултација со сите засегнати страни, тече процесот за измени на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден, односно недела да биде ден за неделен одмор за најголем дел од работниците, рече таа и додекаде дека со тоа истовремено ќе се овозможи зголемена социјална еднаквост и поголема заштита на работничките права.
Кузеска подвлече дека Владата предводена од СДСМ преку четири пакети економски мерки вредни 1,2 милијарди евра, спасила стотици илјади работни места во десетици илјади компании.
Дека навремените економски мерки дадоа резултати потврдува фактот што просечната плата за ноември 2020 се зголемила за седум отсто во однос на просечната плата за ноември 2019 година.
Растот на индустриското прозивдоства за 2,5 отсто во декември 2020 година покажува дека економијата се враќа во нормалните токови, поњтекнцираат од СДСМ.
Поддршката за стопанството, за работниците и граѓаните продолжува и со петтиот пакет мерки кој веќе започнува да се реализира со првата мерка, односно укинување на царински давачки за одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија. Грижата за граѓаните, грижата за работниците е врвен приоритет за СДСМ. Затоа, продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повисок животен стандард за сите, заврши Кузеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.