Беким Алити, сопруг на една од патничките во автобусот што имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, вели дека се уште нема никакви информации ниту од Министерството за надворешни работи, ниту од Амбасадата дали неговата сопруга е жива.
Не знам дали ми е жива сопругата, изјави Алити, кој додава дека го видел списокот со имињата на патниците во автобусот, што го објавија некои медиуми меѓутоа како што рече, не знае кои се живи, а кои не.
Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.
Според последните информации, во автобусот имало 53 лица, од кои 46 го загубиле животот, а седуммина повредени се пренесени во болницата во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.