Пожарот многу брзо се прошири и сето тоа траеше 3 до 5 минути, вели д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот во Клиничката болница Тетово, во јавување во емисијата „24 анализа“.

Тој потенцира дека немало простор да се спасат сите пациенти затоа што за кратко време пожарот ги зафатил сите простории.

Едноставно не ни се веруваше како така брзо се ширеше оганот и се сомневаме во диверзија. Сите опции се на маса, рече Нуредини, додавајќи дека се уште како болница тие не знаат дали се работи за саботажа или дошло до кратој спој во инсталациите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.