49% од испитаниците во Македонија не би се вакцинирале дури и ако има вакцина против ковид-19 која е јавно достапна, безбедна и ефикасна, а 40% би се вакцинирале, покажува последното истражување за ставовите кон корона-кризата, спроведено од Меѓународната асоцијација Галуп Интернејшнл на крајот на 2020 година.

Според резултатите од истражувањето, граѓаните во Македонија се поделени во своите ставови на прашањето „Дали владата се справува добро со коронавирусот?“. Повеќе од половина од испитаниците (54%) сметаат дека владата не се справува добро. Од друга страна 44% од испитаниците имаат позитивен став на ова прашање, односно 8% од испитаниците потполно се согласуваат и 36% се согласуваат. Само 2% од испитаниците не се изјасниле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.