Даниел Вчков, член на бугарскиот дел од заедничката комисија со Македонија за историски и образовни прашања, не се согласува дека таа не си ја врши работата и бара на другата страна да не ѝ се наметнува историската вистина.

Секој што ја познава ситуацијата во Македонија би требало да земе предвид каков сериозен пробив беше признавањето дека Цар Самуил е владетел на бугарското царство. Разбирам дека јавноста бара брзи резултати, но треба да бидеме реални. Седумдесет години е граден еден модел на историја во Македонија, а сега сакаме за една година да го промениме. Ако сакаш да му ја наметнеш историската вистина некому, тоа е илузорен резултат. Тоа значи дека имаш еден крајно кревок резултат, кој секогаш може да се урне. За мене овој дијалог е исклучително важен, бидејќи тој ја поставува основата за единствено говорење за историјата меѓу двете држави, изјави Вчков во емисијата „Панорама“ на Бугарска национална телевизија (БНТ).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.