Бројот на новозаболени лица со Ковид-19 во Македонија и натаму секој ден останува троцифрен. Откако во минатото деноноќие беа регистрирани нови 137 случаи на позитивни на Ковид-19 од 1414 тестирања, вкупниот број на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13595.

Скопје и Куманово се двата града во кои има најмногу заразени.

Во моментов во земјава има вкупно 2921 активни случаи, бројката на оздравени пациенти е 10110, а на починати 564.

Според податоците на Министерството за здравство, во болнички услови во минатото деноноќие почина 63-годишен пациент од Дебар.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти од кои на кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Според извештајот од Министерството, во ГОБ „8 Септември“ примени се три пациенти. Вкупно хоспитализирани се 68 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Што се однесува до активните случаи во главниот град, кој останува на врвот на листата на најмногу заболени, во Чаир има најмногу активни случаи, и тоа дури 114. По него следува Гази Баба со вкупно 107 активни, во Аеродром има 103 активни случаи, во Карпош 91, Центар 84, Кисела Вода 89, Ѓорче Петров 68, Бутел 60, Шуто Оризари 40, Студеничани 20, Сарај 21, Арачиново 17.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.