Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ја напушти функцијата за да влезе во советничкиот тим на премиерот Зоран Заев во делот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Но, според изворите на „Курир“, само еден ден пред да поднесе оставка од АХВ, Атанасов си обезбедил и вработување во Институтот за акредитација преку постапка за преземање од едно на друго работно место и тоа во временски период од две недели, за да ги заврши сите правни работи околу преземањето.
Она што е спорно е што, Атанасов од директор на АХВ требало да се врати на својата позиција претходно во истата институција како официјален ветеринар инспектор, но како што велат информациите на порталот, Атанасов бил еден од најомразените вработени во Агенцијата, по што буквално немало кој да му каже здраво.
Ова значи дека на Атанасов откако ќе му заврши мандатот како советник на премиерот Заев наместо во АХВ како што вели изворот ќе замине да работи со својот близок сопартиец Слободан Чокревски.
Атанасов за директор на АХВ беше назначен во 2017 година, а сега како советник на премиерот ќе зема 55.268 денари нето плата, а како што изјави посебен предизвик за него претставувала оваа функција иако не се знае што точно ќе го советува Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.