Заканите кон поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМЕ, Васко Наумовски, од страна на истакнат член и висок партиски функционер на СДСМ, Живко Аспов, не сопираат, пишува „Нетпрес“, до чија редакција се обрати Наумовски, кој испрати и фотографии од пораките кои му биле упатени од страна на Аспов.
Живко Аспов и неговата ќерка станаа познати на јавноста откако на нејзината свадба пукаа со службениот пиштол пред очите на началникот на СВР Битола Славко Јовановски.
Ова не е првпат вака да му се упатуваат закани на Наумовски од страна на Аспов.
Наумовски случајот неколку пати го пријавуваше и во полиција, а оттаму одбивале да му помогнат и му викале да го гони со приватна тужба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.