Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето. Вака зборувае вчера директорката на УЈП, Сања Лукаревска за време на таканаречените координативни средби на кандидатите од СДСМ во Куманово.
И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор. Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули. Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него. На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции, посочи таа.
Денеска, по тестирањето поради контакт со заболениот сопартиец Мухамед Зекири, и Лукаревска е во самоизолација со позитивен тест за ковид-19, иако вчера покрај „координативната средба“ делеше флаери на граѓаните по улиците на Куманово.
И покрај тоа што голем број на членови се во самоизолација или заболени, од СДСМ и денес го туркаат 5 јули како датум за избори.
Во меѓувреме, алармантна е состојбата со коронавирусот низ земјава. Изминатите неколку денови има огромен пораст на заразени и починати, а СДСМ тераат кампања, иако со уредба се забранети секакви изборни активности додека трае вонредната состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.