Најновото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, формирано лани во јуни, има 1.517 вработени кои не одат на работа ниту пак имаат простории, пишува „Скам да кажам“. На чело на ова министерство е ексминистерот за животна средина Садула Дураки, кој досега нема никаква активност, ниту пак се појавил во јавност.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Собранието по предлог на Владата го изгласа на 27 март 2019, а официјално почна со работа во јуни. Претходно беше Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор на чело со вицепремиерот Хазби Лика.  Новото министерство нема своја веб страна, ниту некаде може да се добијат информации за контакт и во кои простории се сместени министерот Дураки и 1.517 вработени.

Годишно за работата на ова Министерство од буџетот на државата се трошат по 9,5 милиони евра.

Целата сторија на СДК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.