Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирус. Тој е асимтоматски, меѓутоа имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза, направен е тестот и тој е позитивен. Направени се епидемиолошки анкети бидејќи бил во контакт со колегите од болницата и преземени се мерки, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
– Заедно со психијатрите од Клиниката во Скопје ја организиравме работата во болницата во Демир Хисар со колегите психијатри од другите институции во Битола и Прилеп. До завршување на самоизолацијата, тие ќе бидат прераспределени во оваа болница. По потреба ќе бидат вклучени и психијатрите од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово. Сите пациенти на кои ќе им биде индициран хоспитален третман, ќе бидат упатени во другите центри – во Битола, Охрид или во Прилеп. Доколку има индикација за итност, Клиниката во кое било време во Скопје ќе ги прима тие пациенти, рече Филипче, додавајќи дека ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп што го управува Психијатриската болница во Демир Хисар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.