На територијата на Велес во изминатите 24 часа се регистрирани три нови случаи на ковид-19, со што бројката на заболени се искачи на 58.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес информираат дека се работи за две лица поврзани со веќе постоечки кластер членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и едно лице вработено во Центарот за јавно здравје – Велес.

ТВ Телма, повикувајќи се на информации од Државниот санитарен здравствен инспекторат објави дека во маркет има шест вработени кои се заразени, но дека нема кластер на заразени купувачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.