Одговарајќи на денешната прес-конференција дали се слуша почесто со Зоран Заев од СДСМ или со Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на разговорите за формирање влада, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села одговори дека засега не контактира ниту со едниот ниту со другиот.
Деновиве контактирав само со една госпоѓа од Собранието, која ме информира дека во вторник ќе има конститутивна седница, одговори Села, посочувајќи дека преговорите за формирање на владата би почнале по 4 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.