Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на прес-конференција информира дека во целост се совпаѓаат исказите на двајца од преживеаните патници кои во моментот на несреќата биле будни. Тие биле распрашани одделно и нивните искази биле идентични.

Затоа, нивните сведочења во целост ги прифаќаме за веродостојни, рече Сарафов.

Тој категорично ја исклучува можноста да се работи за терористички акт, а немало ниту полни туби со нафта во автобусот.

Експлозија немало, повторувам, експлозија немало, само интензивно горење, повтори Сарафов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.