Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска потврди дека со сопругата бил три дена на одмор во Дубаи. Тој рече и дека таму не се вакцинирал против ковид-19 и патувал како обичен граѓанин. Се пожали дека одморот и не бил баш одмор поради работен ангажман на неговата сопруга.
– Три дена одмор после 16 часа работа на ден за граѓаните и за државата, чесно е и искрено да ѝ ги посветам на сопругата. Можеби од оваа временска дистанца е направена грешка што е избран Дубаи, но и не беше целосно одмор туку сопругата, која работи за странска компанија, не за домашна, имаше и работни состаноци. А, за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, но и право три дена во годината да искористам за одмор – изјави Николовски и рече дека неговата борба со криминалот и корупцијата ќе продолжи уште посилно и неселективно.
Реагираше новинарот Бранко Героски… Кутриот, не се одморил.
“Три дена одмор после 16 часа работа на ден за граѓаните и за државата, чесно е и искрено да ѝ ги посветам на сопругата. Можеби од оваа временска дистанца е направена грешка што е избран Дубаи, но и не беше целосно одмор туку сопругата, која работи за странска компанија, не за домашна, имаше и работни состаноци.” Не се ни одморил, кутриот… Хахахахаха!
“Три дена одмор после 16 часа работа на ден за граѓаните и за државата, чесно е и искрено да ѝ ги посветам на сопругата….
Posted by Branko Geroski on Wednesday, 24 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.