Стево Пендаровски се преселил во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.

Во мојата зграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. Според безбедносните правила, тоа ќе значи и промена на режимот на слободно движење на соседите. Затоа не сакав да им биде некомотно, рече Пендаровски во емисијата „360 Степени“ на „Алсат“.

Досега неговата адреса на живеење беше во скопска Автокоманда, пред да се пресели со своето семејство во Вила Водно.

Додаде дека фамозното „југо“ кое е пријавено во неговиот имотен лист е целосно надвор од функција.

Му го дадов на дедото, но не може да го запали. Не е во функција. Инаку, имаше идеја на почетокот на кампањата на 14 април да се појавам со „југото“, така ми рече еден од моите советници, но не беше изводливо, рече Пендаровски.

Додаде дека кога ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.