Дали ВМРО-ДПМНЕ има или нема инкриминирачки докази за работата на оваа влада претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва гостува на вестите на Алфа ТВ, не сакаше директно да открие, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да дојде на власт со воајеризам.
Мицкоски рече дека многу луѓе во минатото биле жртви на закани и уцени и виделе која е формулата, мислејќи на бомбите што ги објавуваше Зоран Заев.
Не постои функционер кој нема сомнежи за инкриминирачки дејанија. Сите граѓани кои биле под притисок на властодршците на начин на кој тоа го правеле, дел од нив се заштитиле на еден начин, дел на друг, и да, дел од тие работи можеби да, можеби не, стигнале до рацете на опозицијата. Сето тоа детално да се провери, да се анализира, зашто не сакаме на ниски страсти и со воајеризам да победиме на избори и да формираме влада. Сакаме да победиме со визија, со стратегија како македонија да оди напред и да го поразиме овој деспотизам, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.