Очигледен беше обидот на Владата да сокрие дека премиерот Зоран Заев и голем дел од министрите во неговата влада во моментот се сончаат на плажите по светот. Користењето на нивниот годишен одмор не ќе беше вест на денот, доколку во моментот буквално не ни гореше под нозе.
„Република“ уште вчеравечер испрати прашања за годишниот одмор на премиерот и министрите, откако јавноста бурно реагираше што тие се излежаваат на плажа додека републиката гори. Одговор прво упативме до портпаролот Душко Арсовски, кој нè препрати до неговиот колега Мухамед Хоџа, затоа што и самиот е на одмор. Меил беше испратен уште вчеравечер на официјалната владина елетронска пошта, за утрово портпаролот Хоџа, кој одби да одговори на телефон да ни побара повторно да испратиме прашања. Одговор од транспарентата Влада сè уште не е пристигнат официјално.
Напротив, откако јавноста крена ука и бука за нивното плажарење, а на социјалните медиуми се споделија и фотографии од нив, од Влада преку статус на „Фејсбук“ известија дека премиерот ќе го искористи одморот до 12 август, иако обично оваа најава секогаш се правела неколку дена пред почеток на користењето на слободни денови.
Во „соопштението“ од Влада, исто така, постои и обид да се сокрие кој сè тоа е на одмор за време на една од најголемите катастрофи која ја зафати земјата по пандемијата, наведувајќи ги само „достапните“ министри.
Па, така, во листата на достапни функционери, во моментот не се: десната рака на премиерот, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за правда Бојан Маричиќ, ниту пак генералниот секретар на владата Мухамед Зекири. Оваа листа на недостапни секако е подолга, но ги издвојуваме најбитните.
Додека премиерот е на плажа, во Македонија има активни пожари со јак интензитет низ целата територија. Критични се неколку точки во регионите на Штипско, Струмичко, Скопско, Битолско, Охридско, Тетовско, Кумановско и Велешко.
Додека премиерот се лади под чадорите од трска, нашите пожари ги гаснат Србија, Бугарија, Словенија, Австрија…
[OKREPLJENA POMOČ SEVERNI MAKEDONIJI🇲🇰 V BOJU S POŽARI]
Danes se slovenski enoti🇸🇮 48 pripadnikov in 17 vozili, pridružuje še gasilska enota iz avstrijske zvezne dežele Štajerske🇦🇹 s 136 gasilci in 43 vozili 🚒 v okviru #EUCivPro.
Skupaj bodo delovali na območju Robova.🙏🏼 pic.twitter.com/zKywhin2Ex
— Uprava RS za zaščito in reševanje (@URS_ZR) August 6, 2021
Додека министерот Маричиќ се плаши дали ќе изгори, во Македонија до смрт изгоре првата човечка жртва.
Додека бројот на активни случаи на заболени повторно се врати на четирицифрена бројка, додека пожарникарите, доброволците, граѓаните се исцрпени од неколкудневната борба, Филипче го нема.
Додека горат и шуми и куќи и животни, абер нема ни од министерот за животна средина.
Дали криењето на овие одмори од страна на Владата значи дека и покрај тоа што Заев е свесен дека е неетички и неморално да оди на одмор додека живи луѓе горат, сепак заминал, е реторичко прашање. Од него и не нè изненадува.
Заев замина на одмор и лани, ден по парламентарните избори, откако со месеци нè убедуваше колку е битно тие да се случат во време на пандемија, зошто е потребна функционална влада одма и сега. Резултатите од тоа уште ги живееме.
Заев замина на одмор и за време на еден од најбитните државнички настани – инаугурацијата на новиот македонски претседател, Стево Пендаровски, иако неговата партија беше таа што го поддржа.
Заев замина на одмор и сега, само ден откако се сликаше со разорните пожари во Кочани, од каде во лице ги лажеше луѓето дека ќе остане таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.