Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека не претседателот на Македонија Стево Пендаровски го загубил кредибилитетот за организирање лидерски средби по низа скандали за неговото работење и оти тие како партија не прифаќаат средба кај претседател кој нема свој став или следи став на еден политичар.

Најголемата опозициска партија вчера побара од лидерска средба од премиерот Зоран Заев на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија.

Барав и барам средба со лидерите на партиите од власта и опозицијата, на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија, бидејќи јавноста и опозицијата не смеат целосно да се исклучени од овој процес, вели Мицкоски.

Мицкоски на лидерската средба бара да се дискутира и за исклучително лошата состојба со корона кризата, потребата за широка влада по дебаклите на Владата, екстремно лошата економска ситуација.

Веќе немаме години за губење. Скапоцено време за граѓаните и државата. Заев одбиваше лидерска средба, па го промени мислењето. И напоменувам дека ова не е првпат. Но, неоправдана суета и галопирана неспособност на еден човек не може да држи во заложништво цела држава.
И на крај, Заев заборава дека насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа!, вели Мицкоски.

 

Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 15 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.