Не допишувајте и не пречкртувајте ништо на гласачкото ливче, зашто на тој начин ќе го поништите вашиот глас!
Од ДИК остро ги осудија објавите на активисти од една политичка партија кои на социјалните мрежи повикуваа да биде прешкртан зборот „Северна“ на гласачкото ливче.
Јасно се знае кое е важечко ливче со заокружен број пред носителот на листата, јасно изразена волја на гласачот, се друго се смета за неважечко гласачко ливче и ништо друго не може да доаѓа во предвид, кажа Оливер Дерковски.
На социјалните мрежи во изборниот молк, исто така, се појавија и лажни инструкции на гласачкото ливче да се додаде зборот „никогаш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.