Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис. Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро. Убеден сум дека ќе имаме успешен попис од 1 до 21 април, онака како што е предвидено, изјави денеска во Пробишти премиерот Зоран Заев, на прашањето да ја искоментира иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис.
Премиерот вели дека Законот е согласно Евростат и согласно сите меѓународни стандарди и оти се работи за статистичка операција, додавајќи дека секаков вид блокирање, секое одвраќање на вниманието на граѓаните или ставање во неизвесност, не е ни малку патриотски чин кон државата.
-Очекувам од опозициската најголема партија будно да го следи процесот и да ги мотивира граѓаните сите да се приклучат затоа што само така е исправно и убеден сум дека ако одложиме до есен, тогаш ниту кампања не можеме, следната година влегуваме во 2022 година, можеби ќе биде непредвидлива никој не може да каже што ќе се случува. Се е подготвено за одржување на пописот, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.