Голема врева се крена на социјалните мрежи во врска со мојот напис, во кој, повикувајќи се на одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков, се заложив судот, за неговото повторно барање да му се врати пасошот заради лекување во странство, да одлучува согласно со законската процедура, со нужната предострожност со која и досега постапувал (првото барање било одбиено), но и со почитување на принципот на хумано постапување при спроведување на правдата. Прочитав многубројни критики за мојата постапка – од професионален аспект („не го разбирам ова новинарство“, напиша мојата колешка Емилија Лазаревска), обвинувања дека ги застапувам „најголемите криминалци“ и дури и клевети дека сум бил поткупен да го правам тоа, пишува Бранко Героски со својата колумна Моето небо, сепак, е зелено!.
Раѓањето на најкрвавата тиранија во историјата на човештвото е, всушност, нежна и емотивна приказна за демократијата. Адолф Хитлер има човечки лик, тој е искрен и убедлив, дури и кога ни се заканува: ‘Секој што гледа и слика зелено небо и сини пасишта, треба да биде стерилизиран’. Не е лесно човек да пружи отпор на една таква опсесија, да биде ‘расипувач на забавата’ во една таква бајка.
Не ни сонував дека две – три години потоа мојата визија за тиранијата ќе стане наша реалност. Е па ете, јас сега пак предупредувам, јас и сега сум истиот тој „расипувач на забавата“, тоа камче што ќе ве боцка во чевелот, ако решите да го ставите во него. А кому не му е до „боцкање“, сега е моментот да престане да го чита овој текст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.