Никој во оваа држава не верува повеќе во тоа дека сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, а Заев да нема никаква вина во најкорумпираната влада, потенцираше денеска Христијан Мицкоски на прес-конференцијата на која повика Зоран Заев да не бега од одговорност и избори.
Никој не верува во тоа да сме прогласени во хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, а Заев да нема никаква вина во газењето на слободите и правата. Никој не верува во тоа да за три години нема ниту еден процесуиран и сериозен случај за криминал против било кој човек од власта, а Заев да не врши влијание врз разнишаното и без кредибилитет обвинителство и судство, потенцираше Мицкоски.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев има еден приоритет, а тоа е како да одбегне одговорност за сите скандали и афери кои се провлекуваат за неговото име и неговата влада.
Не е до законот за обвинителство колку што е до анкетите и до навигацијата кој Заев ги добива секој ден на терен. А, кои покажуваат дека СДСМ нема поддршка од граѓаните и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се зголемува. Јасно е дека намерата на Заев кој знае дека ги губи изборите е да се обиде да ги одложи и да одбегне одговорност со тоа, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.