Едно општество за сите може да биде само граѓанското општество. Мојата цел и целта на ВМРО-ДПМНЕ е една и заедничка – право и правда за Македонија, истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва на митингот во Тетово.

Знам што го тишти најмногу Тетово. Јас не сум националист, меѓутоа не можам, а да не кажам дека јазикот е најважниот код за комуникација, особено во мултикултурно и мултиетничко општество. Не може да се разбираме преку преведувачи. Немам ништо против проширување на јазичните права, но само водена од правото и правдата ако е тоа во рамките на Уставот и на Рамковниот договор, рече Силјановска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.