„О2 Иницијатива“ остро реагираше по најавата дека денеска Владата ќе ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, на попладневната седница.
Петровска е омилен директор кај еколошките организации и кај оваа фела важи за голем професионалец, но денеска треба да биде разрешена само поради внатрепартиските препукувања кај владиниот коалиционен партнер ДОМ, објавија повеќе медиуми во текот на денот. Од „О2 Иницијатива“ сметаат дека премиерот Зоран Заев е уценет од претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.
Скоро официјална е веста дека денес на Владина седница директорката на Државниот инспекторатот за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска, ќе биде разрешана од својата фунција. Причина? Наводно, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, му поставила услов на Зоран Заев, или ќе ја разреши Ана или таа нема да гласа во Собранието кога треба. Вантрепартиските превирања во ДОМ кои требаа да останат токму тоа, внатрепартиски, се прелија каде не смеат, во институциите. Ова не смее да се дозволи!, велат од О2.
Оттаму додаваат дека Владата не може да менува луѓе поради уцени на пратеници кои имаат внатрепартиски проблеми, ако тоа е навистина причината!
Кога бре во оваа земја ќе дозволите стручни луѓе да си ја вршат работата со интегритет и професионално⁉️
Директорката на ДИЖС, Ана Петровска, направи огромна промена во делувањето на овој инаку заспан и затворен инспекторат, каде директорите обично биле послушници и корумпирани личности. И сега, ја менувате поради еден глас во Собранието⁉️
Имате мнозинство од 62 пратеника, а потребни ви се 61. Ако до сега теравте ко ненормални со 62 гласа, не ви пречи ништо да продолжите со тоа темпо со еден глас помалку. Ова не може да биде вистинската причина поради која ја тргате Ана Петровска од чело на ДИЖС. Дали вистинската прична е тоа што не ви одговата зошто постапува според законските обврски, врши инспекции каде треба и ги мати бизнисите на тие кои според вас не треба да ги чепка?
Престанете со византиските игри и дајте еднаш да победат интегритетот, професионализмот, демократијата. Тргнете ги партиските игри и бизнис диловите од високите раководни функции!, велат од О2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.