Портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска имаше коментар за тоа штоКафе барот Мош беше затворен, па отворен за да работи вчеравечерта, додека пак дискотеката Аватар во Струмица воопшто не е затворена и секојдневно има забави.
На оваа тема имаме говорено многу пати претходно, каде што одредени локали се привилигирани од страна на власта и од страна на останатите инспекции кои што треба да ја спроведат целата рутина за да ги заштитат граѓаните и државата. Сите оние кои што не ги почитуваат протоколите треба да бидат предмет на работа на институциите, но за жал секогаш има некој од власта кој што на било каков начин го трга сето тоа настрана и им помага на одредени локали. За дискотеката Аватар во Струмица имаме говорено неколку пати, таму беа менувани дозволи за работа, кога сеуште се затворени дискотеките тие имаат пренамена за работа и работат повторно полнат стотици можеби до илјада луѓе секоја вечер без почитување на протоколите, зошто? Само затоа што сопствениците се блиски до семејството Заеви. Тоа е апсурдот на нивното владеење, бидејќи не може државата за едните да биде мајка, за другите маќеа. Не може Аватар во Струмица да биде привилегиран во однос на другите локали само затоа што се блиски до семејството Заеви и затоа може да се види и по бројките на новозаболени каде што јасно се гледа како се зголемуваат во одредени градови и општини каде што владее безредието на Зоран Заев лично, на неговото семејство и на владата предводена од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.