Во ситуација во која се случува катаклизма на планетарно ниво, во време „воено“, во време кога се умира, се дрзнуваат ловци во матно да ја саботираат единствената мерка која може да донесе разрешување на пандемијата – вакцинацијата!, вели д-р. Драган Даниловски за „Доктори“, реагирајќи на видеото кое се рашири по социјалните мрежи, а на кое извесен Бобан Нонковиќ зборува за вакцината за коронавирусот. Видеото на „Фејсбук“ е обележано како лажна информација.
Се појавува видео, во кое лаик за медицина мафта со документ на Агенцијата за храна и лекови на САД, во кој е претставен ПЛАН за следење на неповолни настани после отпочнување на вакцинацијата против КОВИД-19 и тврди дека наведените состојби за кои ќе се следи дали ќе се појават, претставуваат потврдени несакани ефекти!
Или поинаку кажано: тоа не е ИЗВЕШТАЈ на случени несакани ефекти по давање на вакцини, туку листа на состојби (неповолни настани) за кои ќе се види понатаму дали и колку често ќе се јавуваат! Националната програма за безбедност на вакцините на САД (Vaccine Adverse Event Reporting System – VAERS) прави разлика меѓу поимите „неповолен настан“ (adverse event) и „несакан ефект“ (side effect) (Understanding the Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS) (cdc.gov) ), вели Даниловски.
Повеќе на „Доктори“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.