Официјално излекувана од вирусот Ковид-19. Но, Филипче и МЗ не ме излекувавте, лоша терминологија, само ме изолиравте за други да не заразувам, пишува тетовката Наташа Апостолоска на „Твитер“.
Нит лекар ме прегледал, нит терапија сум примила во овие 28 дена во изолација!, додава таа.
Официјално излекувана од вирусот #Kovid19.
Но @VFilipche и @ZdravstvoMK не ме излекувавте, лоша терминологија, само ме изолиравте за други да не заразувам. Нит лекар ме прегледал, нит терапија сум примила во овие 28 дена во изолација!— Natasha Apostoloska (@napostoloska) April 21, 2020
Апостолоска е ќерка на починатиот тетовец од Заводот за рехабилитација во Козле и веќе пишуваше за сите пропусти во случајот со нејзиниот татко и семејството Апостолоски.
Таа уште еднаш го потсети министерот за здравство дека ни тој, ни надлежните од Министерството за здравство сè уште не дале официјално известување за случајот од Заводот за рехабилитација во Козле, од каде „моето семејство по вина на лекарите и на службените лица се зарази со Ковид-19, а татко ми почина“.
А Вие @VFilipche и @ZdravstvoMK сауште не дадовте официјално известување за случајот од Заводот за рехабилитација во Козле, од каде моето семејство по вина на лекарите и на службените лица се зарази со #Kovid19, а татко ми почина.
— Natasha Apostoloska (@napostoloska) April 21, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.