По обвинувањата на економскиот директор на Гинекологија, Валон Беља против директорката на Клиниката, Викторија Јовановска стигна реакција од Клиниката за гинекологија.

Не коментираме напади на Фејсбук од медицински некомпетентна личност која прави кривично дело изнесувајќиинтерни документи од клиниката по социјалните мрежи, се вели во реакцијата од ГАК.

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ваљон Беља со документи се спротивставува на директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

Министерот за здравство и други службеници пред неколку месеци беа предупредени за незаконските дела извршени во Клиниката за гинекологија и акушерство, но досега ништо не е преземено. Затоа, сум обврзан јавно да го објавам тоа што сум со нашол за време на мојата работа како организациски (економски) директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Исто така го имам информирано и Управниот одбор на Клиниката за гинекологија и акушерство, како и двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување за време на состанокот што го имав со нив околу долговите на самата Клиника кои постојано се во тренд на зголемување, злоупотреба и лошо раководење, пишува на својот Фејсбук профил, Беља.

Еконосмкиот директор Беља тврди дека Јовановска фаворизирала една компанија која врши лабораторски тестови. Како што вели Беља „договарањето на компаниите што вршат лабораториски тестови за секојдневна работа на Клиниката за гинекологија и акушерство е честа работа, но кога ќе ги оневозможите другите компании со фаворизирање само една компанија, која не само што е поскапа од другите, но и поради доцнењето на резултатите од страна на таа компанија може да влијае на животот на новородените, е најмонструозно дело“. Но, не само што фаворизала таа и потпишала договор со кој добива фирмата, а губат пациентите на Клиниката.

За жал ова се случува кога сте ја помешале медицинската професија со материјалните придобивки како приоритет, заклучува Беља.

Економскиот директор информира дека само во периодот од 9 мај годинава заклучно со 15 мај кај шест бебиња била дијагностицирана позитивна хемокултура.

Оттука, поради ова Санитарниот здравствен инспекторат направил вонредна контрола, каде што по утврдувањето на ситуацијата донесена е одлука за ригорозни антиепидемиски и санитарнохигиенски мерки.

Беља укажува дека документите кои ги поседува ќе ги достави до јавното обвинителство за да излезе вистината на виделина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.