Емилија Бошковска, сестра на Марија Бошковска Јанковски, директорка на Централниот регистар од август минатата година е вработена во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) како советник, потсети „Плусинфо“.
Вработувањето го потврдила и директорката на Централен регистар, а од АДСДП потврдуваат дека Емилија Бошковска, е вработенa на неопределено време.
Лицето е вработено на работно место самостоен референт за маркетинг во Одделението за маркетинг и односи со јавноста. Бошковска е вработена врз основа на објавен Јавен оглас на кој конкурираа 7 кандидати, велат од АДСДП.
Емилија Бошковска е дипломиран психолог. Пред да се вработи во АДСДП се обидела да води козметичко-фризерско студио, но немала успех и морала да ја затврои фирмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.