Состојбата во Македонија со корона вирусот е алармантна. Секој ден се повеќе се зголемува брјот на заразени и починати лица.
Здравствениот систем е преоптоварен, па поради тоа мора да се донесат новите мерки, кои ќе важат од утре, вели министерот Филипче.
Тој додава дека, празниците кои што следуваат можат лошо да влијаат врз состојбата, па поради тоа апелира овие две недели, да се почитуваат мерките. Да не се излегува надвор само ако немате потреба, без групирање, да се одржува дистанца и задолжително да се носи маска.
По објавените нови рестриктивни мерки, најмногу поради британскиот сој на коронавирусот, министерот Филипче ја објаснува сериозноста на клиничката слика на оваа мутација.
Како што наведува министерот, за разлика од претходните бранови, овој е далеку посериозен поради присуството на мутациите, особено британската, која може да даде влошување на симптомите дури и по 10-тиот ден после заразувањето.
Забележани се случаи во кои дури и кај млади лица, симптомите се сериозно влошени во последните денови и веќе не важи правилото дека сè е готово по 14-тиот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.