Еден негов близок роднина кој живее во странство, рекол дека ниту во изјавата во видео врската, ниту во напишаното не го препознава неговиот близок, пренесува Инфомакс.
Роднините на пратеникот Кастриот Реџепи во текот на целиот ден комуницирале со раководството на партијата БЕСА и се извинувале за неговите постапки.
Со недоаѓањето во собранието, тој го растури парламентарното мнозинство.
Еден негов близок роднина кој живее во странство, рекол дека ниту во изјавата во видео врската, ниту во напишаното не го препознава неговиот близок.
Не знам како да ве погледнам во очи, но знам дека тоа тој не го прави од душа, туку дека е присилен да да го кажува тоа – му рекол на Касами еден од роднините на Кастриот Реџепи.
Инаку, според последните информации кои протекоа од АНБ, Кастриот Реџепи се наоѓа во Мала Речица, чуван од ДУИ.
Дури мислам и дека автомат му имаат вперено за да го прави она. – рекол роднината на Реџепи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.