Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори, Гордана Силјановска – Давкова не очекува гладојаторска борба, во која спроти неа ќе застане Спартак, рече таа вечерва на „Само вистина“, одговарајќи на прашањето кого го посакува за противник на изборите.
Не размислувам за противниците бидејќи немам намера, за разлика од медиумите и од противниците да водам ад хоминем кампања. Ќе водам позитивна кампања, имам што да кажам, активна, проактивна. Од мене нема да чујат лош збор кандидатите ниту пак ќе дозволам во дебата некој како со мене што постапуваат новинарите да ме прашуваат бесмислени нешта. Познавам некои од тие кандидати. Да речеме дека најмногу го познавам господинот Димитров. Бил успешен демонстратор на нашиот факултет. Сепак, тоа е работа на партиите што ќе одлучат, јас ќе се однесувам со почит кон секој од кандидатите, рече Силјановска – Давкова.
Силјановска – Давкова рече дека нема да дозволи да биде вовлечена во црна кампања.
Црната кампања зборува за состојбата со политичката култура во Македонија, зборува за јазуитски методи и тоа нема ништо заедничко со Европа. Јас се надевам дека ќе дојде време кога луѓето во кампања ќе излегуваат со предлози, со проекти, со алтернативи, со должен респект едни кон други. Инаку, тоа е гладијатоска битка. Не очекувам Спартак спроти мене, рече Силјановска – Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.