На 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ ќе има конвенција во Струга, на која ќе го избере претседателскиот кандидат со кој ќе настапи на претседателските избори распишани за 21 април. Во меѓувреме СДСМ, првпат досега, организира внатрепартиски избор на кандидат по урнекот на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите ќе ги објават најдоцна до 3 март, односно откако е се знае кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што за претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски е чудно, имајќи предвид дека СДСМ има целосна политичка доминација, партијата на власт да биде реактивна.
Можеби е стратегија, иако се сомневам дека се работи за тоа. Не гледам потенцијал таму за стратешки потези. Можреби онаа конфузија за којашто зборував си го зема данокот, луѓето од СДСМ ја плаќаат цената. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ вака како што се позиционира застанува на страната на граѓаните, да предводи уште една изборна трка во којашто ќе излезе како победник. Убеден сум, сигурен сум во победа на ВМРО-ДПМНЕ, па им оставам на помалку компетитивните политички конкуренти да нè копираат, па можеби ќе успеат да извлечат поука каде погрешиле на претседателските избори.
Мицкоски повтори дека се надева дека конечно СДСМ ќе собере храброст и ќе организира предвремени парламентарни избори со претседателските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.