Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во Телевизија 21 зборуваше за полицискиот час кој е воведен поради пандемијата и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржувало оваа мерка ниту за Велигден, ниту за Разан Бајрам, а ниту и за Задушница и смета дека власта требало да најде друг начин како да ја менаџира целата оваа ситуација.

-ВМРО-ДПМНЕ имаше принципиелен став и кога беше Велигден и кога беше Рамазан Бајрам и утре кога е Задушница. Кога беше Велигден најголемиот христијански празник јас имав едно видео обраќање од сопствениот дом во кој што кажав дека го поддржувам протоколот кој тогаш го донесе владата за седење дома. Ако донела владата вие треба да ги следите тие протоколи. И тогаш се случи дел од тие платени ботови по социјалните медиуми да го извадат тоа сосема од контекст и еве го Мицкоски го поддржуваше тоа за Велигден зошто сега вели дека не го поддржува затоа што и тогаш не го поддржував и за Рамазан Бајран и за утре. Ќе ви кажам дека ние како политичка партија и јас како човек не го поддржувам ова што им се прави на верниците без разлика дали се од христијанска вероисповед или се од исламска исповест. Требаше да се овозможи да се најде друг начин за да се менаџира целата ситуација, истакна Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија предлагала многу начини во врска со оваа ситуација како таа да се надмине, но за жал, како што рече, тоа беше отфрлено и воопшто не беше дискутирано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.