Денес 32 годишен скопјанец ја загуби битката со коронавирусот…. не, Венко Филипче, Милош Бисовски не е само статистика.
Без претходни коморбидитети, на 24.01.2021 добива позитивен тест на коронавирус, на 26.01. веќе бара лекарска помош. Со крвна слика која и лаик да ја види ќе сфати дека нешто не е во ред, висока температура, дијагностицирана пневмонија и сатурација 93- 2 пати го враќаат дома да пие Трицеф. Милош не побара доцна лекарска помош, ја побара но не ја доби на време. Можеби ако здравствениот систем функционираше како што треба, денес немаше толку срца да бидат скршени и едно осум месечно бебе да остане без татко 🖤, стои во Фејсбук статусот на Наде Костадиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.