СДСМ и Владата во изминатите четири години постигнаа бројни успеси на домашен и на меѓународен план, истакна Заев синоќа во Крива Паланка.
-Ја вративме државата на вистински пат, го зацврстивме македонскиот јазик, станавме членка на НАТО, денес сме држава признаена од целиот свет. Дома ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, изградивме капитални инвестиции кои го подобруваат животот на народот – 60 детски градинки, над 80 училишта, 34 болници, плоштади објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра. Општините беа во долгови ги радолживме со над 50 милиони евра и над 7000 проекти. Инвестиравме во патната на инфраструктура, затоа што тоа е важно за развојот, се гради пруга, експресни патишта кои даваат сериозни можности за економски локален развој, само во овој дел имаме проекти кои се во вредност од над 700 милиони евра кои до пред некоја година беа мисловна именка за овој крај, кој за жал со децении беше заборавен од власта, рече Заев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.