Околу 50 илјади домови ќе бидат веднаш урнати доколку не се донесе новиот Закон за легализација на дивоградбите. Вака премиерот Зоран Заев го брани Законот откако вчера претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот со образложение дека законското решение е спротивно на Уставот. Според Заев, законот ќе се врати во собраниска процедура и ќе бидат земени во предвид забелешките од претседателот и јавноста.
Оттука, според Заев причината за донесување вакво законско решение е едноставна, да се спасат 50.000 градби на граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и не можеле да ги легализираат своите објекти со претходните законски решенија. Премиерот Зоран Заев одново застана во одбрана на законското решение, на кое последно стави вето претседателот на државата Стево Пендаровски, одбивајќи да го потпише указот.
Можеме денеска да донесеме, еве дослухот на јавноста сте вие новинарите и медиумските работници и да кажеме стоп на легализацијата нема дилема, но тоа значи од утре градоначалниците, транспорт и врски да рушат. Мора да срушат 50 илјади домови, таа е одлука пред којашто сум исправен јас градоначалниците сите. Ќе ги срушиме овие 50 илјади домови или ќе дадеме можност да ги легализираат со тоа што овој пат викаме 50 посто ќе платат сите коишто не се под прагот на сиромаштијата – изјави Заев.
Од бурата реакции кои испливаа по гласањето на законот дека се остава простор да не се одговара кривично за нелегално градање, Заев ваквите обвинувања ги отфрла со повисоката цена за легализација на дивоградбите, со потврда дека нема да може кривично да се гонат поединци ако законот стапи на сила.
Заев тврди – ова ќе бил последен ваков закон за легализација на дивоградби.
Ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата, па дури и претходно, за време на поранешна Југославија, изјави премиерот Заев.
Според него, со Законот, нема да се легализира секој бесправно изграден објект, туку се дава можност за остварување право на сочувување на домот пред се на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата. Има објекти, како што наведе, кои се времени градби или објекти со несоодветни намени на плановите, кои не подлежат на правото на легализација. Во однос на парцелата кај Холидеј ин, премиерот подвлече дека законите мора да се почитуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.