Американската амбасада во Атина експресно го негираше тврдењето на грчкиот весник „То Вима“, дека во текот на викендот дошло до тајна средба меѓу Зоран Заев и амбасадорот Џефри Пјат.
Според „То Вима“, Заев и Пјат се сретнале во вилата на Заев на првиот крак на Халкидики во саботата напладне. Весникот пишува дека средбата се одржала во најстрога тајност.
Не е точно, кусо возврати американската амбасада во Грција преку својот „Твитер“ профил.
Not true. https://t.co/K3FvyZCjrc
— U.S. Embassy Athens (@USEmbassyAthens) July 1, 2019
Пјат објави дека имал низа средби низ пограничниот регион во текот на викендот, како и во американскиот конзулат во Солун, каде често престојува и каде викендов се одржа прием во чест на американскиот ден на независноста.
Амбасадорот на САД во Атина беше активно вклучен во промовирање на Преспанскиот договор, паралелно со амбасадорот Џес Бејли во Скопје.
Пјат е поранешен американски амбасадор во Украина, каде беше активен за време на револуцијата Мајдан со која беше протеран претседателот Виктор Јанукович.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.