Не е срамота да не знаеш, човек учи додека е жив.
Срамота е да провоцираш и да си играш со чувствата на граѓаните на соседна држава.
Но, не можам ни да се лутам, бидејќи неспособноста на СДСМ не дотера до тука. Моментално како држава сме во ситуација каде што на најслабото дете му прават детска игра “шутка” и детево гледа кој најмалку го удирал и му вика “извини” само затоа што малку го удирал.
Е, до тоа не доведе неспособноста на Заев и Димитров.
А, кога сме веќе кај водопадите од Долна Лешница, бидејќи уметниците поретко учат географија, да повториме: Долна Лешница е месност на Шар Планина, дел од планина кој се наоѓа и припаѓа во Република Македонија (поголемиот дел од Шара припаѓа во РМ).
И сметам дека Долна Лешница е едно многуте најубави места кои ги има Република Македонија.
Значи да заклучиме: Повеќе учиме географија, помалку провоцираме. Не е срамота да учиш бидејќи не знаеш, срамота е да не знаеш, а да се правиш дека знаеш.
За крај, мислам дека почитуваниот г. Еди Рама треба да ги посети водопадите кај Долна Лешница и да ја почувствува убавината на таа македонска природа. Ем ќе ужива, ем ќе има шанса да научи географија, напиша на Фејсбук, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.