Заврши средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кај претседателот Стево Пендаровски. Не е постигнат договор за датум за избори, но лидерите се согласиле да ја продолжат комуникацијата.
На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе, соопштија од кабинетот на Претседателот Пендаровски.
Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор.
Претходно, претседателот Стево Пендaровски денеска во обраќање до јавноста ги повика лидерите да најдат решение кога да се одржат предвремените парламентарни избори.
Пендаровски во обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но оти тие треба да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.