Министерката за образование Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања при отворање спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, рече дека одложеното доделување на свидетелствата е во рамки на законските рокови зашто крајот на учебната година е 31 август.
Посочи дека надлежно за документи од педагошката евиденција е Бирото за развој на образованието кое, како што рече, има обврска до крајот на учебната година (31 август) да ги додели свидетелствата.
Сметам дека тие се целосно во своите рокови. Исто и минатата година имаа одлука да ги доделат на крајот од учебната година и таква одлука донеле и овојпат, рече министерката за образование и наука, подвлекувајќи дека свидетелствата секако ќе ги добијат учениците кои треба да се запишат во средно училиште и на факултет, односно полуматурантите и матурантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.