Христијан Мицкоски вечерва во Топ тема истакна дека не е можно да се носат закони во кои нема да учествува опозицијата, алудирајќи дека законот за попис воопшто не наликува на она што реално треба да се биде туку претставува една политичка трговија преку која Заев ќе мора да си ги исплати долговите.
Ова што сега на брз трака се става во рамките на собранието без учество на опозицијата, без учество на главната политичка партија на политичката сцена во Република Македонија што се покажа и на последните претседателски избори навистина е спротивно на сето она што денеска го слушаме како стихозбирка од неколку строфи од страна на владините јуришници, без разлика дали станува збор на ДУИ и СДСМ, Европа или европски вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.