Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебата на ТВ21 истакна дека тие како политичка партија влегуваат во избори со блокиран имот, а до скоро и со блокирана партиска сметка.

„Не фер е таа трка, не е демократска, и ние сме фаворити. Замислете, ние сме фаворити, со блокиран имот, кампања водиме кој како се снајде и ние сме фаворити“, вели Мицкоски.

На прашањето на модераторот околу тоа дали им е одблокирана сметката, Мицкоски посочи дека сега им е одблокирана со минимум ресурси.

„До скоро беше блокирана. Имаме блокиран имот три години“, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.