Началникот на СВР Скопје Ристо Ставревски нема да дозволи да се валка неговото име и честа на неговите соработници. Тој ќе поднесе тужба против дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска и сите медиуми кои неосновано го наклеветиле.
Во изјава за порталот „Курир“ Ставревски вели дека поради политички мотиви нема да дозволи да биде злоупотребено неговото име.
Во последниот период поради политички мотиви во јавноста има постојани напади на мојата чест и углед. Јас тоа нема да го дозволам. Како повеќегодишен припадник на Министерството за внатрешни работи во кое мојата углед и чест досега не биле нарушени, како човек без ниту една истрага против мене, без ниту еден постапка пред јавното обвинителство и како човек без ниту една пропишана казна и санкција за досегашната работа во службата, припадник на МВР кој поседува безбедносен сертификат со повеќе награди и признанија за успешна работа нема да дозволам моето име да биде злоупотребено во политички манипулации. Ќе бидам приморан поради неосновани клевети да покренам приватна тужба кон изворите на таквото манипулирање доколку истите тие не се извинат во законски пропишаниот рок, вели Ставревски.
извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.