Не доликува на земја членка на НАТО на 100 дена пред секои избори да има Влада која продуцира поделби, наместо решенија, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за 24 инфо.
Сметам дека треба сериозно да се размисли дали во иднина има потреба од влада во ваков формат особено што не доликува на земја членка на НАТО и преговоарач со ЕУ на 100 дена пред секои избори да има Влада која продуцира поделби, наместо решенија. Можеби е време да се размислува и изнајде поинакво решение за органзиирање на фер, слободни и демократски избори, смета Заев.
За потсетување, токму Заев беше човекот што прв побара и извојува техничка влада по пржинските преговори, а неговите технички министри Оливер Спасовски и Фросина Ременски вршеа опструкции на секој потег на владата во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.