Ексминистерката за финансии Нина Ангеловска, која е коосновач и извршен директор на онлајн платформата за купување со попусти „Групер“, Владата на Зоран Заев ја вдоми во управниот одбор на „Телеком“ за да покаже дека не била за една употреба. Во управниот на „Телеком“ е и ексминистерот за екологија Садула Дураку, оти според власта, неговата ДУИ ја добила довербата на гласачите, пишува Плусинфо.
Нина Ангеловска е во управниот одбор на „Телеком“ за да покажеме дека не ги искористуваме луѓето како крпа за една употреба и ги фрламе – вели за Плусинфо висок функционер на Владата на прашањето дали имаше потреба Ангеловска да биде вдомена во „Телеком“ кога веќе е сопственичка на успешна фирма.
Ангеловска во минатиот владин мандат беше првата жена министерка за финансии. Сепак, во јавноста таа наместо по министерувањето повеќе се прочу по стечајот на Еуростандард банка. Непосредно пред банката да оди во стечај, Ангеловска како министерка и клиент на банката во два наврати повлекла пари од Еуростандард, првиот пат да инвестира во инвестициски фонд, а вториот пат да си купи стан
Сепак Антикорупциската комисија не покрена санкција против Ангеловска за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и нејзиниот депозит во банката, но укажа на етичкиот момент, бидејќи министерката имала увид во состојбата на банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.