Со новиот начин на работа, СДСМ за првпат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем, велат од партијата, додавајќи дека по спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначија претседатели на 10 општински организации на СДСМ:

Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.

Во Новаци – Наумче Смилевски

Во Желино – Аднан Демири

Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова

Во Сопиште – Далибор Богдановски

Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски

Во Демир Хисар – Николче Димитријовски

Во Јегуновце – Александар Стефановиќ

Во Студеничани – Елвира Мелиќ

СДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат. А расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково. Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата, се вели во соопштението од партијата.

Додаваат дека СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните.

Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.