Сите избирачки места во општина Кочани утрово се отворени и навреме почна гласањето за избор на градоначалник во вториот круг.
Од Општинската изборна комисија истакнаа дека нема поголеми задржувања на гласачите, како што беше во првиот круг, освен на одделни места каде што гласаат повозрасни граѓани.
Во општина Кочани се запишани вкупно 32 926 гласачи и 63 избирачки места, но тие ќе гласаат на 60 локации, со оглед тоа што на три места се запишани помалку од десет избирачи кои правото на глас го остваруваат во соседното најблиско избирачко место.
Во општина Чешиново-Облешево, пак, гласањето за избор на градоначалник во вториот круг почна на 12 избирачки места, а едно не е отворено по повеќе од еден час од почетокот на изборниот процес.
– На избирачкото место 887 во село Спанчево се појави проблем со базата на податоци за граѓаните кои треба да се идентификуваат преку уредот за отпечаток на прст. Поради тоа, таму сѐ уште не е почнато гласањето и најверојатно ќе има пролонгирање на постапката, истакна Виолета Јанева, претседателка на Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.